Британската влада размислува за испраќање беспилотни летала во Ормутскиот теснец за чистење на мините на оваа важна рута за превоз на нафта блокирана од Иран, објави британскиот весник „Гардијан“.
Техеран го блокираше теснецот како одговор на нападите на САД и Израел, што предизвика зголемување на цените на нафтата.
Велика Британија се одлучи за беспилотни летала поради загриженоста дека испраќањето бродови во Ормутскиот теснец, во согласност со повикот на американскиот претседател Доналд Трамп, би можело да ја влоши војната на Блискиот Исток.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/
GBNews
Британскиот премиер Кир Стармер синоќа разговараше со Трамп за „важноста на повторното отворање на Ормутскиот теснец“, објави Канцеларијата на британскиот премиер.
Трамп во текот на викендот ги повика земјите кои се потпираат на транзит на нафта низ теснецот да помогнат во обезбедувањето на преминот.
„Се надеваме дека Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други ќе испратат бродови во регионот, така што Ормутскиот теснец повеќе нема да биде под закана“, рече американскиот претседател.