Четириесетидеветгодишниот Д.Г. од Република Србија синоќа околу 21 часот на охридската улица „Партизанска“ бил уапсен од полицајци од СВР Охрид, откако претходно два пати ја тепал неговата сопруга.
Како што информира МВР, физички ја нападнал сопругата прво во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид во кој биле сместени.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.