Татко си ја претепал ќерката и внучето во тетовско

Нова пријава за семејно насилство

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ Ултра

Нова пријава за семејно насилство. 65-годишник од тетовско село ја нападнал ќерка си и малолетниот внук.

– На 15.03.2026 во 17:40 часот,  полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата  ќерка и нејзиниот малолетен син, соопштија од тетовската полиција.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.