Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29. март лет и до Милано

Граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: МНР

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, обелодени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според вицепремиерот, овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

-Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.

Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри, објави Николоски.