Јованов останува 13 години во затвор за усмртувањето на Фросина, одлучи Врховен

Врховниот суд го одби барањето на Васил Јованов - возачот кој ја прегази Фросина, ќе лежи 13 години во затвор

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

13 години затвор за Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“. Врховниот суд информира дека на седницата што се одржала на 11-ти месецов, како неосновано е одбиено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, со што таа стана конечна, без можност за нејзино ублажување.

Јованов, и од Кривичниот суд и од Апелација беше прогласен за виновен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Првичната казна од Основниот суд беше 12 години, но апелација ја зголеми на 13.

Сообраќајната несреќа се случи на крајот на јануари лани, кога Јованов управувајќи возило без дозвола, под дејство на алкохол и минувајќи на црвено светло, ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, која почина на самото место.