Со 66 гласови „За“ и двајца „против“, Собранието попладнево го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Од 76 пратеници кои гласаа, осуммина беа „воздржани“. Потребно беше просто мнозинство од 61 глас за да биде назначен на функцијата.
Предлогот за негово назначување доаѓа од Владата. Од таму велат се работи за човек со сериозна биографија и без дамки во кариерата.
Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати.
Савески ќе биде деветти по ред државен обвинител на земјава од стекнувањето независност во 1991, а 19-ти воопшто откако постои функцијата од 1945 година.
Неговиот избор доаѓа и во време кога власта планира да донесе нов Закон за јавно обвинителство, за што во тек е и јавна расправа.
Неговата биографија сугерира дека тој не влегол во правосудството преку „брза лента“ туку постепено ја крадел кариерата во правосудниот систем. Почнал од најниските скалила.