Цените на гасот во Европа се зголемија за 35 проценти по нападите врз енергетската инфраструктура во Заливот

Цените на гасот во Европа се зголемија за повеќе од 60 проценти од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари

од Кристијан Димков
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Цените на природниот гас во Европа се зголемија за дури 35 проценти во понеделник откако нападите врз енергетската инфраструктура во Заливот се интензивираа.

Цените на гасот во Европа се зголемија за повеќе од 60 проценти од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, објави новинската агенција Ројтерс.

Неизвесноста за тоа како ескалацијата на војната на Блискиот Исток ќе влијае врз снабдувањето со енергенси продолжува да расте откако утрово беа пријавени напади во Катар и Кувајт, еден ден откако беше погодено најголемото поле на природен гас во Иран.

Иранските ракети предизвикаа голема штета на гасен објект во Рас Лафан, додека кувајтските државни медиуми објавија напади врз две рафинерии за нафта во земјата.

Дополнително, цената на суровата нафта „Брент“, исто така, се искачи на 112 долари за барел во понеделник.