24-годишник починал на гости кај својот другар

Млад скопјанец пронајден починат во стан

од Nikola Popovski
377 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Трагедија се случила вчера во Скопје. 26-годишник си го пронашол другарот починат.

– На 18.03.2026 во 19:42 часот во СВР Скопје, Н.Г.(26) од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар М.С.(24) од Скопје. Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил го пронашол М.С. во бессознание. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, известија од МВР за случајот.

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Слични содржини