Нападнат возач на ЈСП во Чаир

Возач на ЈСП нападнат додека го управувал автобусот

од Nikola Popovski
53 прегледи Фото: Принтскрин

Регистриран е инцидент во автобус на ЈСП откако возач бил нападнат од патник.

-На 18.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје, С.Д.(58) од Скопје пријави дека на подрачјето на Чаир, додека управувал автобус на ЈСП, бил физички нападнат од П.В.(43) од Скопје, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.