Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати, а не да се борат против податоците за сиромаштијата

„1/3 од работниците во Македонија работат и добиваат плата за својата работа, а се сиромашни затоа што платата им изнесува под 30.000 денари“, потсетува синдикалниот лидер

од Nikola Popovski
81 прегледи Фото: Фејсбук/ССМ

Лидерот на синдикалците, Слободан Трендафилов со порака до надлежните дека ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати, а не да се борат против податоците за сиромаштијата на својот народ.

Трендафилов потсетува дека 1/3 од работниците во Македонија работат и добиваат плата за својата работа, а се сиромашни затоа што платата им изнесува под 30.000 денари или под прагот на сиромаштија во Македонија кој изнесува 31.200 денари.

„За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, за три месеци цената на нафтата за литар поскапа за 27.50 денари или за безмалку 50 % зголемување, а тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари“, порача претседателот на ССМ.

Неговиот став следува откако податоците од синдикалната минимална кошница што ја изработува ССМ, покажаа дека на едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни 67 818 денари или за 436 денари повеќе од претходниот месец за остварување на основните потреби.

Според ССМ, со изнајмен стан од 60 квадратни метри основните трошоци за четиричелно семејство за март се 83 193 денари.