Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитки до сите граѓани, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба во секое семејство.
Тој истакна дека овој празник доаѓа по еден месец посветеност, жртва и размислување, како момент со посебна духовна и општествена вредност.
„Рамазан Бајрам е повик за зајакнување на вредностите што нè обединуваат – солидарноста, разбирањето и грижата за еден со друг. Нека овој празник биде момент на зближување меѓу луѓето и извор на надеж и добрина за секое семејство,” истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
Во својата честитка, градоначалникот Меџити изрази желба овој празник да донесе повеќе хармонија, добрина и единство во општеството, потсетувајќи на значењето на вредностите што нè поврзуваат како заедница.