На 19 март 2026 година, по наредба од Основниот суд во Кочани, полициски службеници од ОВР Берово спровеле претрес во помошен објект во Берово, во сопственост на Д.П. (38) од Скопје, кој живее во Берово. При контролата биле откриени и одземени ловечка пушка „ТОЗ 63“ со калибар 16 мм, 53 ловечки патрони од ист калибар, како и пиротехнички средства, куршуми и реденик за муниција.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава согласно член 396 од Кривичниот законик.