Маж осомничен за злосторства во БиХ уапсен во САД, соседите во неверување: Продавал јајца на Волмарт

Во меѓувреме, осомничениот се преселил, а неговите соседи никогаш не се посомневале во такво нешто, објавуваат локалните американски медиуми

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Screenshot

Во американската сојузна држава Алабама, 70-годишниот Хамдија Алукиќ е уапсен под обвинение за воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина во 1992 година, пренесува „Дневни аваз“.

Тој е обвинет за учество во нападите врз два автомобила со цивили, а според извештаите на американските медиуми на кои се повикуваат босанските медиуми, Алукиќ е обвинет и за палење на неколку куќи.

Во обвинението од 261 страница се наведува дека Алукиќ и „муслиманската паравоена формација“ ги планирале овие напади знаејќи дека во куќите и автомобилите нема војници.

Во меѓувреме, осомничениот се преселил, а неговите соседи никогаш не се посомневале во такво нешто, објавуваат локалните американски медиуми.

„Имаа кучиња, кокошки и продаваа јајца на Волмарт и слично“, рекол еден.

Алукиќ моментално е во затворот во округот Болдвин без можност за пуштање со кауција.

Судот во Алабама разгледува дали Алукиќ ќе биде екстрадиран во Босна и Херцеговина, со оглед на тоа што злосторствата за кои е обвинет се извршени на територијата на балканската земја.