Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека одлучиле директно од Буџетот да интервенираат. Врз основа на нивните пресметки, премиерот очекува РКЕ утре да донесе одлука за зголемување за бензините за 6,5 денари за литар, додека дизелот да поскапи за 10,5 денари. Поточно бензините ќе достигнат цена од 93 и 95 денари, додека дизелот да стигне до цена од 102,5 денари.
Според Мицкоски, главната цел е да се заштити стандардот на граѓаните во услови кога цените на светските берзи растат поради кризата на Блискиот Исток.
-Денеска донесовме одлука да се намали ДДВ на бензините и дизелот од 18 на 10% и доколку ова се земе во предвид, очекуваме цените на бензините да остане иста, а цената на дизелот да се зголеми за 3 до 3,5 денари. Веќе разговаравме со ОКТА и таму одобрија попуст од 2 денари за литар, а очекуваме да дадат уште поголем попуст. Очекувам уште пониска цена од оваа што ја определува РКЕ. Со ова можам да кажам дека на граѓаните им заштедуваме отприлика околу 200 илјади евра на ден или некаде или 1,5 милион евра на неделно ниво, имајќи предвид дека просечната потрошувачка е некаде околу 1,6 милиони литри, рече премиерот.
Мицкоски повтори дека има притисок од соседството за зголемено точење на горива во пограничните места од државата.