Државата засега нема да го ограничи точењето горива за странци

„Денес сме фактор на стабилност за граѓаните од соседството“, вели премиерот Мицкоски за „бензискиот и дизел-туризам“

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по разговор со големите снабдувачи на нафта и нафтени деривати добил одговор дека немаат никаков проблем во делот на снабдувањето, но постојат ризици. Состојбата ќе се следи секој ден.

-Точно е тоа, во моментов имаат количини од законските кои што се потребни за 5 дена. Да нема никаков дотур, ние имаме во резервите 60-тина да опстанеме. Во моментов, состојбата е таква. Во делот на електроенергетиката, состојбата со гасот е стабилна и обезбедени се количини за април, потоа завршува грејната сезона. Во моментов, покрај најниски енергенси, стабилна е ситуацијата во делот на енергетската состојба. Се е антиципирано, кажа премиерот на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека засега не гледаат причина да го ограничиме користењето на нашите ресурси од граѓаните од соседните земји.

Премиерот во политичка изјава потенцира дека за разлика од порано „онаа Македонија која беше на колена за да добие некоја донација, денеска е фактор на стабилност и сигурност за граѓаните од соседството“.

Мицкоски посочи и дека дополнителен притисок врз домашниот пазар создава зголемената потрошувачка од странски државјани, која достигнува до 150.000 литри дневно, односно околу 9 до 10 проценти од вкупната потрошувачка.