Пронајдени две починати лица во своите домови

Две тела предадени на обдукција, се истражува смртта на две лица од Скопје

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Полицијата информира дека две лица се пронајдени починати во одделни случаи на подрачјето на Скопје.

Во првиот случај, на 21.03.2026 во  14:35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, бил пронајден починат Д.В.(64). Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Малку подоцна, на 21.03.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејната куќа во Скопје е пронајдена почината Д.В.(84) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.