Контролите на Фондот за здравствено осигурување кои утврдиле злоупотреби со боледувањата на вработените во Министерството за внатрешни работи, се пропусти кои ги вршеле лекарите, изјави денес по новинарско прашање министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој рече дека паралелно со овие контроли, истрага за боледувањата на полицајците прави и одделот за внатрешна контрола при МВР.
-Имате право да побарате боледувње, но одговорноста за даденото боледување не е кај полицискиот службеник, туку кај докторите кои ги избрале, доколку нема законски основ да биде издадено таквото боледување, изјави Тошковски.
Тој објасни дека една од најфрапантните констатации кога дошол на мстото министер за внатрешни работи била констатацијата за процентот на боледувања на вработените.
-Процентот на боледувања се движи некаде околу десетина посто во континуитет. На мое бараење беше отворена истрага во одделот за внатрешна контрола на Министерството. На мое барање и Фондот за здравствено осигурување во рамки на проверките кои што треба да се извршат кај докторите се направени и овие проверки. Поради тоа беше отворена истрага во одделот за внатрешна контрола, која се уште не е затворена, изјави министерот.
Тој рече дека вчера од медиумите бил запознаен дека ФЗОМ констатира конкретни пропусти кај лекарите и тоа кај повеќе.
-Биле одбрани одреден број на случаи и каде што секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Тоа значи дека тоа е катастрофа ако сме реални. Ќе ја финализираме истрагата во одделот за внатрешна контрола на МВР и ќе ја известиме јавноста. Ова што беше констатирано од страна на ФЗОМ се пропусти кои ги вршеле лекарите не полициските службеници, рече Точковски.
Вчера директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прес конференција изјави дека по барање на МВР Фондот извршил детална контрола на боледувањата кај вработените во МВР и дека од 514 боледувања кај 80 вработени во Министерството, биле утврдени неправилности при издавање на боледувањата кај 29 лица, кои користеле 236 боледувања. Стотина од овие боледувања биле неуредно издадени, а неправилности биле утврдени во работењето на 29 здравствени установо од кои 27 по општа медицина. Како што објасни Клековски секое петто боледување било непарвилно издадено, а злоупотребите се правени и така што вработените менувале матични лекари за време додека биле на боледување.