🎥 Јаневска: Прифативме многу забелешки за измените на Законот за високо образование

Измените на Законот за високо образование од понеделиник потвторно ќе се најадт на Единстевениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и че сетои неколку дена за да се види кои заблешки се прифатени, изјави денес министерската

од Vladimir Zorba
19 прегледи Фото: Локално

Измените на Законот за високо образование од понеделиник потвторно ќе се најадт на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и ќе сетои неколку дена за да се види кои заблешки се прифатени, изјави денес министерската за образование и наука Весна Јаневска, на новинарско прашање по регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ .

Таа објасни дека на измените на Законот за високо образование работеле долго, консултирале странски стручњаци и многу други закони и дека финалната верзија што ја понудиле ги почитува европските барања за квалитет на високото образование.

-Од понеделник измените повторно ќе бидат на ЕНЕР за да се види како се направени измените на Законот за високо образование. Многу забелешки прифативме се ушто сметавме дека е позитивно, дали сме направиле некој пропуст. Прифативме на пример еден испит помалку за магистериумот, еден испит помалку за докторат, од забелешките за општествените – и хуманистичките науки, ја намаливме банкарската гаранција за приватните студенти и многу многу други, изјави министерката Јаневска.

За предложените измени на Законот за високо образование имаше мноу реакции и од опозицијата и од јавноста, а меѓу главните забелешки беше дека со нив се загрозува автономијата на Универзитетите, се создава можност за нивна партизација и се создаваат системски социјални неправди.

Според опозицијата со предложеното законско решение министерот за образование ќе има преголема моќ со правото да укинува одлуки на Универзитетите.

На прашањето дали таа ќе биде еден од министрите во Владата кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата , министерката Јаневска изјави дека таа и сите во Министерството за образование и наука работат многу, а кој од министрите ќе бидат сменети не зависи од неа, бидејќи за тоа одлучува премиерот.

Е.Б.

Слични содржини