„Македонија според Устав е социјална држава и од тие причини Владата не смее да се изземе или да остави да се договорат послабиот со посилниот. Ако навистина сме трета економија во Европа според раст на БДП тогаш зошто да не бидеме први на Балканот според висината на минималната плата. Со 400 евра младите нема да останат во Македонија. Македонија не може да биде силна со сиромашен народ“, вели пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков за состојбата со минималната плата во државата и барањето за нејзино зголемување за минимум 600 евра.
Тој во интервју за „Локално“ истакнува дека кога зборуваме за тоа дали платите треба да бидат пазарна категорија, мора да ги анализираме и следните факти.
„Според податоците од меѓународната организација на трудот, продуктивноста на македонските работници во 2025 година изнесува околу 34 долари по работен час што е повеќе од земји како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора. Всушност, тоа значи дека нашиот работник создава високав редност, но не ја добива правично односно имаме дисбаланс во распределбата“, вели, меѓу другото пратеникот.