Новите податоците од трезорот на Буџетот за 2026-та покажуваат дека на крајот од вториот месец од годинава потршени се повеќе од 302.000.000 евра од буџетскиот дефицит или дури 47,50% од планираните средства за целата година.
За годинава според сегашните буџетски проекции, минусот во државната каса е проектиран на 637 000 000 или на 3,5% од БДП, процент кој е помал во однос на дефицитот во 2025-та кој достигна 4% од бруто домашниот производ. Според новите податоци од Трезорот, вкупните приходи во првите два месеци изнесувале скоро 800.000.000 евра, со остварување од 13,14% во однос на планот. За два месеци, приходите од вкупните даночни приходи се реализирани со стапка од 7,14%, од групата на даноци, најголемо остварување од 13.48% има кај данокот на личен доход додека реализацијата на приходите од ДДВ изнесува 11,96%.
На трошковната страна од буџетот, за два месеци вкупните буџетски расходи изнесуваат 1.102.000.000 евра или 16,39% реализација во однос на годишниот буџетски план. Највиска стапка на реализација има кај социјалната помош со 20,22% а за исплата на камати по основ на домашно и странско задолжување се потрошени скоро 62.300.000 евра или 18,01% од годишниот план. На крајот на февруари за капитални расходи се потрошени 131.055.000 евра што претставува реализација од 20,12% во однос на планираните средства за целата економска година.
Новите податоци од Фискалниот бројач, каде основните буџетски позиции се ажурираат на дневно ниво, покажуваат дека заклчно со 25 март, реализацијата на буџетските приходи изнесува 20,09% а кај расходите е 25,24%. На истекот од првиот економски кавртал, дел од економистите веќе алармираат дека сегашните буџетски планови се неодржливи во време на веќе присутна криза. Според економистите, извесно е дека планираната инфлација од 2,5% ќе биде пробииена а за да се амортизира ударот врз стандардот ќе мора да се усвојат нови мерки за најсиромашните.
„Потребни се многу повеќе мерки од она што досега е направено бидејќи мое лично мислење е дека овој нафтен шок и оваа криза се многу посилни од онаа во 2022 година. Меѓутоа сите анализи покажуваат дека потенцијалот на оваа последна нафтена криза е три пати повисок од оној во 2022 година. Мислам дека многу подобри ефекти можат да се постигнат ако се намалат акцизите и исто така треба да се засили антимонополската контрола и инспекциите“ – смета академик Таки Фити.
Дел од економистите алармираат дека влијанието на кризата врз инфлацијата ќе го доведе во прашање и проектираниот економски раст за 3,8% во оваа економска година. Поради веќе извесните поместувања на буџетските прланови а во зависност од траењето на кризата на Блискиот Исток, ребалансот на Буџетот за годинава станува извесен.
Д.А.