Мицкоски не им верува на грчките дипломати: Зарем некој од надвор може да дојде до говорот на Меланија Трамп?

„Јас не верувам во тоа односно ако тоа се случило, тогаш САД имаат озбилен безбедносен проблем во протоколот“, вели премиерот за употребата на името Македонија во САД

од Nikola Popovski
184 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар откако конфузија предизвикаа медиумски известувања дека првата дама на САД, Меланија Трамп ја именувала Северна Македонија како Македонија на Глобален самит во Белата куќа, по што реагирала грчката амбасада во Вашингтон.

„Го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед. Претпоставувам дека изворот е дипломатски. Зарем некој може да верува дека говорот на првата на САД пред таа да го каже во јавност, оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа односно ако тоа се случило, тогаш САД имаат озбилен безбедносен проблем во протоколот. Тоа што претпоставувам дека некои од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни за медиумите, па тоа го претставуваат како голем дипломатски успех, тоа е друга тема…Од моето искуство, многу тешко, односно невозможно е некој надворешен да дојде до говор на првата дама на САД. Тие што ова го смислиле мислам дека направиле неуспешна играна серија“, кажа Мицкоски од отворање на нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје.

Реакција од грчкиот амбасадор во САД Андонис Александридис спречила првата дама на САД да го користи името „Македонија“ именувајќи ја нашата земја. Повеќе грчки медиуми пишуваат дека амбасадорот бил информиран дека во говорот на Меланија Трамп на Глобалниот самит во Белата куќа и „навреме реагирал да се користи терминот Северна Македонија“.

„По неговата интервенција првата дама на САД се обрати на соседната земја под нејзиното уставно име  Северна Македонија,  со што се избегна какво било погрешно толкување или дипломатска тензија“, наведуваат грчки медиуми.

Грчки медиуми: Меланија Трамп сакала да го употреби името Македонија, но интервенирал грчкиот амбасадор