Според изворите, одлуката била донесена на состанокот што денес го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководителите на нафтените компании.
Според истите извори, времетраењето на забраната сè уште не било разгледано, иако еден од нив посочил дека би можела да трае до три месеци.
Изворите исто така навеле дека евентуална забрана за извоз на дизел-гориво засега не е разгледувана.
Добро упатени извори во средата изјавија дека руските власти повторно ја разгледуваат можноста за воведување забрана за извоз на бензин за производителите.
Во моментов, забраната за извоз на бензин и дизел од Русија важи до 31 јули оваа година, но само за оние кои не се производители.
Новак претходно на состанок во Министерството за енергетика изјави дека Русија мора да преземе итни мерки за да обезбеди доволни количини гориво за домашниот пазар во услови на глобалната енергетска криза.