Нова семејна трагедија во Македонија. Убиство го потресе Росоман откако според првичните информации, син ја усмртил својата мајка, објавија од МИА. Настанот бил потврден од Итната медицинска помош во Кавадарци, чија екипа веднаш излегла на местото на повикот, но можела само да констатира смрт.
„Нашата екипа констатираше фатален убод со нож во пределот на вратот. Од тежината на повредата, жената починала на самото место“, изјавил доктор Ратко Грков од Итната помош Кавадарци.
Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на денот.