Мицкоски подготвен да чека со децении за влез во ЕУ, Стојковски: Со реорганизација на НАТО ќе се реорганизира и одбраната и може да го изгубиме и ова членствo

„Ако го одложиме пристапувањето во ЕУ заради идентитетот, дали ќе има за кого да го штитиме“, вели за „Локално“ директорот на „Преспа институтот“

од Nikola Popovski
60 прегледи Андреја Стојковски/Фото: Преспа Институт

Андреја Стојковски, извршен директор и истражувач од „Преспа институт“, по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека нема намера да влага во авантура на уставни измени без јасни услови и дека приемот на ЕУ мое да чека со децении, изјави дека Владата може да чека, но граѓаните и државата не може да чекаат.

„Одложувањето на пристапувањето во ЕУ да не се случи штитејќи го идентитетот да нема за кого да го штитиме“, посочува Стојковски во разговор за „Локално“. Мицкоски вчера нагласи дека уставни измени нема да има без јасни услови, кои ЕУ ги бара за отпочнување на преговорите за пристапување и дека е подготвен да чека и со децении.

„Немам намера додека јас сум Претседател на Владата по било која цена да влезам во една таква авантура…но без да имаме јасен крај, без да знаеме што добива македонската заедница во Бугарија, без да имаме јасни заклучоци од страна на Европскиот Совет ние немаме намера да влегуваме во било каква авантура којашто нас ќе не одведе повторно во некое друго политичко мочуриште“, изјави премиерот.

Сходно на тоа, Стојкоски вели дека во тек е процес на редефинирање на глобалните односи што ќе влијае и на редефинирање на односите во повеќе меѓународни организации во кои Македонија е членка или има аспирација за членство.

-Меѓу нив е и НАТО, а со редефинирање и реорганизација на НАТО ќе значи дека Македонија може и да не биде член на оваа организација. Ние може да бидеме дел од НАТО, но земјите од ЕУ ќе бидат од една страна и во таа ситуација каде ќе бидеме ние, изјави Стојкоски.

Според него, ако Македонија продолжи да чека и нема свест што се случува на глобален план, може да го изгубиме и тоа што го имаме.

-Со реорганизација на НАТО ќе се реорганизира и одбраната и може да го изгубиме и ова членство, додава Стојковски.

Според него секој ден со неприсуство во ЕУ, земјата губи фондови и средства кои и се неопходни за регорми и за вложување во развој.

-Во случајов го штитиме идентитетот, но треба да ги имаме предвид стапката на миграција, стареењето на населението и стапката на морталитетт. Ако го одложиме пристапувањето во ЕУ заради идентитетот, дали ќе има за кого да го штитиме. Идентитетот се штити за граѓаните. Ако немаме граѓани за кого го штитиме идентитетот, вели Стојкоски, и додава дека се поголем е бројот на млади луѓе, пред се професионалци кои се иселуваат и тоа трајно.

Членството во ЕУ, пак според него ќе нуди реални услови за живот.

-Реформите ќе мора да се спроведуваат, а покрај безбедноста ќе има што повеќе инвестиции. Најлошите земји членки во ЕУ, сега имаат огромен економски пораст, изјави Стојковски, и додава дека дри тезата дека по прием во ЕУ ќе има емиграција на наслението, но дека дел од тие луѓе што ќе се иселат потоа ќе купат имот тука и дел од годината ќе поминуваат тука како што е тоа случајот во соседните европски земји.

Е.Б.