Од полноќ поевтини цени на дел од горивата

Бензините со намалена цена за литар гориво, дизелот останува исто

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Локално

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар.

Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)

-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)

Со најновата одлука, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.

Премиерот Христијан Мицкоски, како што изјави минатата недела, очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Премиерот додаде дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат.