Измамник позајмил автомобил, па преку механичар го дал на отпад во тетовско

Измамен тетовец кој сакал да му помогне на познаник

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 29.03.2026 во 12:00 часот во СВР Тетово, 35-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од негов познаник А.Х.. Според пријавеното, тој побарал да му го позајми неговото  возило „бмв“, а откако го зел го известил дека има дефект и го оставил кај механичар.

Како што е пријавено, по неколкудневни обиди да стапи во контакт и да го добие возилото назад, на 28.03.2026 се соочил со механичарот кој признал дека возилото го однел на отпад во с.Слатино.

Исто така, според пријавеното, тој го пронашол возилото оштетено во отпадот и сопственикот му кажал дека го купил од механичарот.

Слични содржини