Велешанец „позајмил“ 4000 евра за да докаже дека еврото e валидна валута во земјава, по што не ги вратил парите

Кривична против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4000 евра од неготинец

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поднесена била кривична пријава против велешанец поради сомнение дека со измама зел 4.000 евра од неготинец.

„ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против А.С., 67-годишник од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19 февруари во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите.

Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и лишен од слобода, по што во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот“, соопштија од Велешката полиција.