Жерновски: Колку пари губиме за болници, училишта, реформи со чекањето за влез во ЕУ…

„Кога веќе е кај Орбан, може да го праша колку пари Унгарија доби. Другите комшии напредуваат, ние сме изолирани“, вели членот на СДСМ за изјавата на премиерот дека „подготвени сме да чекаме и децении“ за влез во ЕУ

од Nikola Popovski
33 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Катастрофално и жално е да се слуша таква изјава од премиер, човек кој треба да не турка кон ЕУ. Барем со тоа, искрено кажа која му е позицијата. Кога веќе е кај Орбан, може да го праша колку пари Унгарија доби. Темата е колку ние губиме пари за реформи, болници, училишта…“, вели меѓународниот секретар на СДСМ, Андреј Жерновски за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „подготвени сме да чекаме и децении“ за влез во ЕУ, бидејќи, како рече, уставни измени нема да има без предвидливост.

Жерновски посочува дека Унгарија доби над 70 милијарди евра досега, можеше да добие и повеќе, да не беа блокирани средствата поради политиката на Виктор Орбан.

-Ако се согледуваме на искуството, прашајте што е тоа. Ние поради политика, се изолираме, другите комшии напредуваат и ќе завршиме, за жал, изолирани, кажа членот на СДСМ во емисијата „Директно“.

Слични содржини