Есмеров: Опозицијата во Македонија моментално се наоѓа негде во орбитите помеѓу Сатурн и Нептун

„Мицкоски не испрати погрешна порака до ЕУ со поддршката и средбите со Орбан“, смета екс-амбасадорот во Унгарија

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Опозицијата во Македонија повторно обвини дека тема на разговор на последната посета на Мицкоски во Будимпешта бил екс-премиерот Никола Груевски. Екс-амбасадорот на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров е дециден дека „македонската опозиција моментално се наоѓа негде во орбитите помеѓу Сатурн и Нептун“, а, како што вели, мислам дека во моментов ниту тие самите не знаат кај се, па пробуваат да се пронајдат.

Есмеров не смета дека целата ЕУ има несогласувања со политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан, бидејќи, како што вели, во моментов барем пет земји членки тивко се согласуваат со неговите политика.

„Не сметам дека Мицкоски испратил погрешна порака до ЕУ“, рече, меѓу другото, поранешниот амбасадор за последната посета на официјална Будимпешта.

Есмеров за изборите во Унгарија: Се плашам дека ќе има непризнавање на резултатите, граѓанска конфронтација, па дури и можност за повторно гласање