Ивана му ѕвонела на камера на Стојанче со ќерката во раце пред да скокне од терасата

Сведоштво на Саздов за трагедијата во Тафталиџе: „Стојанче се заканувал и навредувал бидејќи сметал дека Ивана го наместила за дрога“

од Nikola Popovski
230 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

Во Скопскиот кривичен суд продолжи судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство. Сведочеше Мартин Саздов, неговиот поранешен пријател и главен сведок на трагичниот настан.

Стојанче мислел дека таа повторно го пријавува во полиција и поради тоа ја навредувал. Ивана не сакала да му го даде телефонот за да не и го скрши. Потоа му го дала на Мартин од негови раце да види Стојанче тоа што сака. Потоа Ивана побарала да разговара со Стојанче настрана. Тој пак почнал да ја тепа Ивана, со двете раце одеднаш. Ивана се јавила во полиција и пријавила на 192. Стојанче тогаш се смеел, кога видел дека пријавува во полиција, рекол „ку**о една, ништо не можеш да ми направиш, ќе видиш со кого си фатила работа“.

Подоцна ја земале малата Катја од училиште, па се упатиле четворицата кон станот. Саздов одговори потврдно дека Стојанче се заканувал бидејќи сметал дека бил наместен за дрога. Се заканувал и дека ќе и ја земе Катја на Ивана. Ивана и Катја се качиле да си земат работи од станот, Стојанче не сакал да одат сами, „нема да ја оставам ку**ата сама, ќе се качиме сите заедно во станот“. Ако одам во затвор, ќе искочам и ќе те убијам, тоа го зборувал Стојанче.

„Кур ќе ти го вратам дарот“, викал Стојанче. Ивана и претходно кажувала дека тоа и го кажувал. Ивана ја затворила вратата и ја заклучила. Мартин мислел дека таа ќе се премисли и ќе се симне, па стоеле со Стојанче, кој викал „оваа ми прави ку**ински работи“.

„Таа ку**а не умира“, рекол Стојанче, кога Мартин прашал да не си направи нешто Ивана. Потоа Ивана му се јавила на Стојанче, Мартин прашал што разговарале, а тој одговорил дека не разбрал. Ивана пак му ѕвонела, но, не и кревал. Потоа му се јавила на Мартин.

-Стојанче не ми крева, можеш ли да му кажеш да ми крене на камера?, ми рече, соопшти тој.

Стојанче го отворил телефонот и се прекинал повикот. Таа му заѕвонила со камера и Мартин ѕирнал.

-Ја видов Ивана како стои со Катја на тераса, одма сфатив што ќе направи. Викнав „Ивана немој да си направила глупост“, почнав да трчам накај влезот, кога само слушнав силен удар, рече плачејќи Мартин во судницата.

Тој опиша како ја видел Ивана целата во крв, мислел дека Катја е горе. Потоа ја видел и Катја до Ивана. Почнал да вика „ве молам викнете брза помош!“.

Слични содржини