Ако нема хелиум, нема да може да се ладат апаратите и нема да се вршат снимања, вели Директорката на радиологија

Д-р Соња Николова за Локално.мк изјави дека добро е сите да ги проверат магнетните резонанци, бидејќи без него нема да може да вршат снимања

од Vladimir Zorba
166 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Канал 5

Институтот за радиологија направил проверка на магнетните резонанци со кои располага и тие имаат доволни колични на хелиум. Ова за Локално.мк го изјави д-р Соња Николова, директор на Инситутот за радиологија во Скопје.

Таа објасни дека редовно ги оджруваат магнетните резонанци, односно се консултираат со застапниците на опремата за нејзино сервисирање.

Минатата недела Фондот за здравствено осигурување испрати апел до јавните здравствено установи што имаат магнетна резонанца да ја проверат состојбата на апартите и снабденоста со хелиум. Директорот на ФЗО Сашо Клековски тогаш изјави дека хелиумот е една од сурвините која е погодена од војната во Иран, чии цени се веќе покачени.

-Беа проверени сите апарати, што ги имаме и од нашите сервисери ни беше речено дека се во ред. Факт е дека сите магнетни резонанци во земјава се ладат на магнети и ако нема хелиум нема да може да се ладат апаратите и нема да се вршат снимања. Сметам дека повикот да ги провериме беше добар, односно да се направи проверка за да не се доведеме во состојба да немаме, изјави Николова.

Хелиумот освен за ладење на апаратите за магнетна резонанца е неопходен за производство на чипови, оптички влакна ио неговиот недостиг може да има последици и во технологијата.

Б.С.

Слични содржини