Димитријевиќ: Мицкоски и Муцунски водат дволична политика за евроинтеграците

Генералниот секретар на опозициската СДСМ Саша Димитријевиќ за „Локално“ вели дека премиерот Мицкоски и министерот Муцунски едно изјавуваат дома, а друго во европските институци

од Vladimir Zorba
46 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Премиерот и министерот за надоворешни работи едно изјавуваат дома, а друго во европските институции за тоа дека евроинтеграциите се приоритет на државата.

Ова денес за „Локално“ го изјави Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, кој додаде дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски водат дволична политика.

-Апсолутно гледаме една дволична политика и од министерот за надворешни работи и од премиерот, каде едно кажуваат дома, а друго кажуваат во европските институции и тоа покажува дека немаат ниту идеја, ниту визија во кој правец треба да се движи државата, изјави Димитријевиќ на прашање на „Локално“.

Министерот за надворешни работи кој е во работна посета на Франција изјави дека европската интеграција е приоритет на Владата која е силно посветена на спровдеување на реформите, додека неговиот шеф во текот на викендот изјави дека за евроинтеграции земјава може да чека и децении, доколку не се исполнат условите кои ги постави неговата Влада во однос на спорот со Бугарија.

На прашање за изјавата на премиерот утринава за јавниот сервис дека разочарувањето на младите се влечело од периодот на транзицијата, кога владата ја воделе луѓе со „претежно“ лични интереси, генсекот порача дека „две години наназад гледаме само изговори“.

-Закочен е европскиот пат, младите не ја гледаат иднината во Македонија и гледате што се случува во последниот период и со целиот овој ценовен шок. По кажување на премиерот, ние сме единствена држава во регионот и во Европа која што превзема некакви мерки, а цените растат, истакна Димитријевиќ.

Е.Б.