СДСМ од Савески очекува разрешница за сите случаи за кои поднеле кривични

Опозицијата поднесе пријава против гувернерот Славески

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: СДСМ

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески го повикуваме да земе колку што му е потребно време за да ги отвори предметите за злоупотреба за кои СДСМ веќе поднесе кривуични пријави и јавно ги објави, изјави за „Локално“ генералниот секретар на СДСМ Саша Димитријевиќ.

Тој денес поднесе кривична пријава за несовесно работење на гувернерот на Народна банка Трајко Славески за пробиeн рок за избор на нови вицегувернерки, со што го загрозил функционирањето на Народна банка.

-Поминаа речиси четири месеци откако ја објавивме првата т.н. бомба за злоупотреба на службена должност за местење тендери и испумпување наредни пари. Го повикувам јавниот обвинител да почне да си ја работи работата и дека има обврска, и по допрен глас, на сите наши објави, но и по приложените докази кои ги имаме, да го започнат процесот, изјави Димитријевиќ.

Новиот државен јавен обвинител Савески пред неколку дена на брифинг со новинарите во одговор на новинарско прашање зошто Обвинителството не постапува по пријавите на опзицијата за можни злоупотреби, рече дека не знае за кои пријави станува збор, но дека ако се поднесени во Обвинителството по нив сигурно се постапува и ќе се постапува.

-Очекуваме, и народот очекува, разрешница на сите тие случаи кои ги објавивме и за кои имаме сериозни индиции. Видовме како се постапува во случајот на Томовски каде добивме една пародична изјава дека таткото не му е татко и нема поврзаност на фирмите. Очекуваме и го повикуваме јавниот обвинител да земе колку што му е потребно време да ги отвори предметите и по истите да се изјасни, изјави Димитријевиќ.

Е.Б.