„Лебот не е поскапен во 99% во државата“ – утврдиле коморите, Министерството за економија и инспекторите

На средбата бил упатен апелот да не се користи моменталната состојба со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин

Денес во Министерството за економија се одржал работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Североападна Македонија), со заменик-министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. Како што информираат, на средбата биле донесени следните заклучоци:

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата;

-Како општествено одговорна индустрија, преставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот периоддо крајот на април, при што состојбите континуирано што ќе се следат и ќе се анализираат;

-Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените;

-Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите.

Некои мали пекарници ја зголемија, но главно, во земјава, цената на лебот остана иста како вчера. Владата најави дека ќе ја анализира состојбата. За неоправдано ценовно зголемување, се најавуваат казни.