Беџети за високата цена на становите: Се додека побарувачката е повисока од понудата, тој тренд ќе продолжи, без разлика дали ние посакуваме или не

„Притисок врз растечката побарувачка прават и странските, (а можеби дел и домашните) инвестициски фондови, што од друга страна е добра тенденција“, вели професорот

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Банкарство

Се додека побарувачката е повисока од понудата, тој тренд ќе продолжи, без разлика дали ние посакуваме или не, вели универзитетскиот професор, Абдулменаф Беџети за цената на становите кои високо се вивнаа, особено во дел од населбите во Скопје.

Според него, секаде во светот се случува ваква ситуација.

-На пример во финансиските квартови во Лондон, Истанбул, па дури и во Белград, Тирана или пак Приштина, цените се прилично 2-3 пати повисоки на тие локации, ама таму купуваат станови високите менаџмент-структури на банки и инвестициски фондови. Притисок врз растечката побарувачка прават и странските (а можеби дел и домашните) инвестициски фондови, што од друга страна е добра тенденција бидејќи тие покомплексни анализи прават за пазарите и на основа на очекуваните цени инвестираат. Што има лошо во тоа? Друго е дали некои политики можат да помогнат за младите кои создаваат семејства за да се стимулираат и поддржат за решенија на нивните стамбени прашања ама веројатно тие не можат да претендираат да купуваат во централните градски подрачја како на пример наспроти „Холидеј-Ин“, вели Беџети во анализа за „Локално“.

Цените на становите во вртоглав раст: „Нефункционални општини намерно не носат ДУП-ови за да можат да „ловат“ неформални заработувачки и преку легализациите“

Слични содржини