Пет земји бараат ЕУ да го одданочи вишокот профит што енергетските компании го остваруваат од зголемиените цени на горивата

Министрите за економија и финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија ова го бараат за да се ублаи товарот што го понесоа грааните и компаниите, како и да се влијае на инфлацијата

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Пет европски земји бараат од ЕУ да енергетските компании да помогнат во ублаувањето на товарот што го имаат граѓаните и даночните обврзините, што го имаат поради кризата предизвикана од војната во Иран, пренесе Еуроњуз.

Министрите за економија и финансии на Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија, бараат од ЕУ данок на вишкот профит што енергетските компании го остваруваат благодарение на зголемените цени на горивата.

Министрите за економија и финансии од Италија, Германија, Шпанија, Португалија и Австрија бараат од ЕУ данок на вишокот профит од енергијата за да се ограничи зголемувањето на цените.

Петте министри во писмо упатено до комесарот на ЕУ за клима, Вопке Хоекстра, укажувајќи дека активностите преземени на национално ниво во врска со акцизите мора да бидат придружени со заеднички напор.

-Тоа би овозможило финансирање на привремено олеснување, особено за потрошувачите, и ограничување на растечката инфлација, без да се наметнат дополнителни оптоварувања врз јавните буџети, се вели во писмото потпишано од министрите Маркус Мартербауер, Ларс Клингбеил, Џанкарло Џорџети, Хоаким Миранда Сарменто и Карлос Куерпо.