Бројот на пациенти кои се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија постојано расте, но расте и бројот на пациенти на кои им е продолжен животниот век . Според подтаоците од Фондот за здравствено осигурување бројот на пациенти кај кои бил дијагностициран меланом, во 2020 година изнесувал 237 лица, а лани тој број пораснал на 514 лица. Ова беше соопштено на денешната пресконференција на Клиниката за радиотерапија и онкологија.
Пред пет години имало 5.072 заболени од арцином на дојка а лани 7.038, што е раср од безмалку 40 отсто. Кај случаите со карцином на бели дробови, во 2020 година биле евидентирани 1.265 заболени пациенти, а тет години подоцна бројката изнесувала 1.743 лица, што е раст за 37,8 отсто.
-Во изминатите години, иако бројот на новодијагностицирани случаи (инциденца) останува релативно стабилен, вкупниот број пациенти (преваленца) бележи континуиран раст. Овој тренд е резултат на продолжениот животен век и значителното подобрување на третманите, што е директно поврзано со зголемените вложувања по пациент и воведувањето на современи терапии (имунотерапија, таргетна терапија и други, соопшти Фондот за здравствено осигурување.
Директорите на Клиниката и на ФЗО Игор Стојковски и Сашо Клековски изјавија дека годинава буџетот за работа на Клиниката е 57 милиони евра, и дека тоа е зголемување од 14 проценти во однос на претходната година. Тоие истакнаа дека лани биле воведени шест нови лека за лекување на меланом, рак на дојка и рак на простата, а годинава исто така се воведуваат два нови лека за карцином на дојка.
-Во унапредувањето на третманот, воведена е современа стереотаксична радиотерапија, како високо прецизна техника за третман на специфични мозочни лезии, која овозможува подобри клинички исходи и значително подобрување на квалитетот на животот на пациентите, соопшти ФЗО.
Освен бројот на случаи, на прес-конференцијата беа презентирани и резултатите, вложувањата и идните планови во
унапредувањето на третманот на онколошките пациенти, а се зборуваше и за новата метода – воведување на современа стереотаксична радиотерапија, како високо прецизна техника за третман на специфични мозочни лезии.
Кај карцином на дојка, (C50), бројот на нови случаи се движи од 800 до 1.000 годишно. Во врска со вложувањата по пациент, тие биле 42.586 денари (694 евра) во 2020 година, а во 2025 – 155.582 денари (2.538 евра), што е зголемување од 265 отсто. Просечното преживување е околу 7 години.
Во однос на карциномот на бели дробови (C34), годишно има меѓу 600 и 700 нови случаи, а вложувањата по пациент пораснале од 14.378 денари (234 евра) во 2020 година на 470.441 денари (7.668 евра) во 2025 година. Опфатот со имунотерапија е зголемен од 11,1 отсто во 2021 година на 48,5 отсто во 2025 година, а просечното преживување е над 2 години.
Во однос на меланомот, вложувањата по пациент се пораснати од 129.485 денари (2.112 евра) во 2020 година, на 1.059.413 денари (17.282 евра) во 2025 година, што е зголемување од дури 718 отсто. Просечното преживување е околу 3 години.
„Анализите покажуваат јасна и силна поврзаност меѓу вложувањата по пациент и вкупниот број пациенти кои живеат подолго, особено кај карциномот на дојка и белите дробови, а најизразено кај меланомот. Се поголем број пациенти живеат подолго и со подобар квалитет на живот, при што одредени малигни заболувања постепено се трансформираат во хронични состојби„, се потенцира во соопштението.
Во врска, пак, со финансиите на клиниката, во периодот од 2010 до 2020 година, буџетот се движел меѓу 8 и 12 милиони евра.
„Буџетот за 2026 година изнесува околу 3,5 милијарди денари, односно приближно 57 милиони евра, што е зголемување од 15,5 % во однос на 2025 година и значително зголемување од 73,6 % во однос на 2023 година. За 2026 година е предвидено зголемување на буџетот за лекови во онкологијата за 14,38 % во споредба со претходната година“, се додава во соопштението.
Оттаму информираат дека се воведени два нови лека за карцином на дојка со мутација PIK3CA, а зголемен е и опфатот со CDK 4/6 инхибитори за околу 50 %.
„Воведена е и нова генерациска терапија (ARI) за карцином на простата со зголемен опфат од околу 80 %, а зголемен е и опфатот со имунотерапија за околу 10 %. Во 2025 година, за првпат беа воведени шест нови лекови (ipilimumab, avelumab, durvalumab, dabrafenib, trametinib и darolutamide), а со дополнителните два лека во 2026 година, вкупниот број на новововедени терапии достигнува осум во период од две години“, се додава во соопштението од Онкологија.