Орбан го повика Брисел да ги укине санкциите за Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно денес го повика Брисел веднаш да ги укине санкциите врз руските производители на енергија, за да се избегне сериозна енергетска криза.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ДВ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно денес го повика Брисел веднаш да ги укине санкциите врз руските производители на енергија, за да се избегне сериозна енергетска криза.

Орбан го изјави ова во видео објавено на Фејсбук, во кое наведе дека за тоа се консултирал и со словачкиот претседател Роберт Фицo.

Во последната фаза од кампањата за парламентарните избори закажани за 12 април во Унгарија, Орбан повтори дека Брисел треба да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш да го отвори гасоводот „Дружба“.

-Треба да ги отфрлиме и напуштиме проектите што предлагаат да се ослободиме од руските извори на енергија за да ја усвоиме енергетската политика на Брисел, која е поскапа и недостапна за семејствата, изјави Орбан.

Како и Будимпешта, Братислава ја обвинува Украина за одложување на поправката на дел од гасоводот „Дружба“ што поминува низ нејзина територија, што Киев го негира. Овој гасовод снабдува руска нафта со Унгарија и Словачка.