Ненадејно почина македонскиот музичар Мустафа Сејфулов во Виена

од Весна Трајкова
285 прегледи Фото: Принтскрин / Фејсбук

Македонски музичар Мустафа Сејфулов вчера почина ненадејно на 48-годишна возраст.

Мустафа последните години живееше во Виена со своето семејство.

Веста за неговата смрт ја објавија неговите роднини и пријатели, кои се простија од него со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Роден е на 26 јануари 1978 година во Кавадарци, потекнува од музичко семејство – неговиот дедо е Муто Сејфулов, познат музичар и кларинетист, неговиот татко Рамадан Сејфулов е музичар, а и неговиот брат Веби Сејфулов исто така се занимава со музика.

Мустафа Сејфулов беше пејач во групата „Кавадарка“, која повторно беше формирана во 2000-тите. Во текот на својата кариера беше дел од старата група „Кавадарка“ во 90-тите како тапанар.

Настапуваше со неколку познати македонски пејачи и групи.

Неговата последна снимена песна е „Големи маки имавме“, заедно со Фазли Сејфулов и Александар Ѓорчевиќ.