Две третини од обновата на пругата за Грдскиот воз завршени, линијата ќе се пушти во септември

Рехабилитација на железничката пруга на делницата Транспортен центар Скопје - Зелениково, во должина од околу 25 километри, веќе е со 65 отсто реализација, објави Град Скопје.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Орце Ѓорѓиевски

Рехабилитација на железничката пруга на делницата Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри, веќе е со 65 отсто реализација, објави Град Скопје.

Според Градот со реализација на овој проект ќе се добие модерен, ефикасен и одржлив јавен транспорт. Од Министерството за транспорт и врски пак соопштија дека се очекува во септември да биде пуштена оваа линија.

-Проектот носи директни придобивки за секој граѓанин – побрзо движење, намален сообраќаен метеж и значително почист воздух. Со подобрување на техничките карактеристики на пругата, се зголемува безбедноста во сообраќајот, се враќа проектираната брзина и се обезбедува стабилност на колосечната конструкција, дури и при зголемено оптоварување, објави Град Скопје.

Од Градот објаснуваат дека се задржува постојната траса, но со внимателни и прецизни корекции, во согласност со највисоките стандарди.

-Се врши целосна модернизација, како демонтажа на стариот колосек, замена на дотраените дрвени прагови со нови бетонски, подобрување на засторот, како и машинско подбивање и регулирање со современа механизација. Преку синхронизација на возниот ред меѓу автобусите и возовите, граѓаните ќе добијат поврзан, ефикасен и непречен превоз низ целиот град, соопшти Град Скопје.

Слични содржини