Филипче: Нема помош за земјоделците, може да останеме без житарки

Состојбата во земјоделството е алармантна, мое да се соочиме со сериозен недостиг на производство на одредени земјоделски култури, особено житарки, изјави денес претседателот на СДСМ - Венко Филипче.

од Vladimir Zorba
37 прегледи Фото: Фејсбук/СДСМ

Состојбата во земјоделството е алармантна, мое да се соочиме со сериозен недостиг на производство на одредени земјоделски култури, особено житарки, изјави денес претседателот на СДСМ – Венко Филипче.

-Во овој период кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици. Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствата кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, поради негрижата на власта за овој сектор мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици. Тоа значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст и на цената на лебот до крајот на годината, изјави Филипче, по посета на земјоделците во неготинско Криволак.

Мерките за намалување на кацизите за цените на горивата што денес ги усвои Владата, според претседателот на СДСМ Венко Филипче се задоцнети и недоволни и нема да имаат никаков ефект, бидејќи веќе е започнато покачување на цените. Според него кризата ќе станува потешка, граѓаните се повеќе ќе ја чувствуваат на сопствениот грб.

Според него кризата ќе станува се потешка, а владата нема донесено ниту една антикризна мерка за помош на земјоделците.

-Поради високите цени на нафтата, драстично се зголемени цените на вештачките ѓубрива и сите трошоци што ги имаат земјоделците, што сериозно ја доведува во прашање одржливоста на земјоделското производство и егзистенцијата на земјоделците, изјави Филипче.

Според него проблем се ниски субвенции, ниска откупна цена на килограм произведено грозје, а дел од сортите грозје не се откупуваат. Субвенциите за сточарите не се исплатени и ниски се, а високата производна цена ќе влијае на производството на сите земјоделски култури.

-Сѐ на се сметам дека оваа ситуација треба да биде сериозен аларм. Ние во следниот период, имајќи ги предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта го одбија,а тоа беше за зголемена откупна цена по килограм грозје,, рече Филипче.