Три лица, вклучувајќи едно десет месечно девојче, загинаа денес кога силни ветрови соборија дрво во северна Германија за време на „лов на велигденски јајца“, соопшти полицијата, јави новинската агенција АП.
-Педесетина луѓе од блискиот станбен објект за млади мајки, бремени жени и деца присуствувале на настанот во шумата во близина на градот Сатрупхолм околу 11 часот наутро кога дрво високо 30 метри паднало врз групата, соопшти полицијата.
Четири лица биле заглавени под дрвото. Дваесет и едногодишна годишна жена и шеснаесет годишно девојче биле згрижени од страна на првите реагирачи, но починале на местото на настанот, додека десетмесечнат ќерка на жената починала подоцна во болница.
Осумнаесет годишна жена претрпела сериозни повреди и била донесена во болница со хеликоптер.
Објектот е дел од системот за социјална помош за деца финансиран од државата и им помага на бремени жени и млади мајки на кои им е потребна помош.
Областа беше под предупредување за силни ветрови од германската метеоролошка служба.