Кремљ до Калас: „Време е да се напие нешто“

Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, изјави дека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изговорила „само една интересна фраза“ во текот на целата нејзината кариера, алудирајќи на нејзината неодамнешна забелешка за алкохолот во контекст на глобалната нестабилност.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ The Economist

Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, изјави дека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изговорила „само една интересна фраза“ во текот на целата нејзината кариера, алудирајќи на нејзината неодамнешна забелешка за алкохолот во контекст на глобалната нестабилност.

Каја Калач претхдно изјави дека во текот на минатиот век, Русија нападнала 19 земји, вклучувајќи ги и африканските. Руски новинар го прашал Ушаков што сакала да каже шефицата на европската дипломатија.

– Не знам. Ми се чини дека таа изговорила една интересна реченица во текот на нејзината кариера. Таа рече: „Време е за пиење“. Мислам дека таа треба да го стори тоа сега, одговори Ушаков.

А потоа со насмевка додал: „И веројатно и ние“.

Калас е шеф на европската дипломатија е од декември 2024 година, односно висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.