Косовската партија АБК бара од Македонија да ги почитува правата на студентите Албанци

„Употребата на мајчиниот јазик во образованието е загарантирано и суштинско право за еднаквост“, велат од партијата на Рамуш Харадинај

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Локално

Косовската партија Алијанса за иднината на Косово (АБК) го поддржа протестот на студентите-Албанци во Македонија, кој се одржа денес во Скопје, каде што беше изразено незадоволство што не можат да полагаат правосуден испит на албански јазик. АБК, на чие чело е Рамуш Харадинај, објави дека барањето на студентите-Албанци е легитимно, нагласувајќи дека употребата на мајчиниот јазик во образованието е загарантирано и суштинско право за еднаквост.

Партијата, исто така, ги повика надлежните институции во Македонија да реагираат без одлагање и да преземат конкретни мерки за решавање на ова прашање, почитувајќи ги правата на Албанците како што се дефинирани со Уставот на таа земја.

По повод најавениот протест, премиерот Христијан Мицкоски ги повика студентите да не дозволат да бидат алатка во рацете на опозициската политичка партија.

„Прво можам да кажам дека гледам дека овој протест, за жал, е силно поддржан од опозициска политичка партија, која повеќе од 20 години не успеа да го реши ова прашање и сега, би рекол, е лицемерно да се комуницира со јавноста на овој начин“, рече Мицкоски.

На протестот можеа да се видат знамиња на Албанија и САД, како и да се слушнат извици УЧК. Говорите на студентите беа на албански јазик.

Слични содржини