Исмаил: Пендаровски е личност со авторитет и позитивна репутација за да биде активен во политичкиот живот

„Ниту владејачкиот ниту опозицискиот блок можат да се повикаат дека се релевантни и дека се конструктивни во формулирањето на позицијата на земјата, на надворешен и внатрешен план“, вели поранешниот функционер и еден од основачите на СДСМ

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Тој е личност што има доволно авторитет и позитивна репутација за да може да биде активен во политичкиот живот на земјата. Такви политичари ѝ се потребни на Македонија и тој е еден од релевантните за да можеме да се фатиме во костец со целата нова геополитичка ситуација во светот“, вели поранешниот министер и функционер, Ѓунер Исмаил за екс-претседателот Стево Пендаровски откако во јавноста излезе шпекулација дека токму Пендаровски планира да формира нова партија на македонската политичка сцена.

Соговорникот во изјава за „Локално“ изјави нема сомнение дека е потребно политичко прегрупирање во земјава, со оглед на тоа што, како што вели, ниту владејачкиот ниту опозицискиот блок можат да се повикаат дека се релевантни и дека се конструктивни во формулирањето на позицијата на земјата, на надворешен и внатрешен план.

Политичари како Пендаровски ѝ се потребни на Македонија: „Треба нова партија, но не од типот на НСДП или ЗНАМ која ќе биде за еднократна употреба“

Пендаровски ги отфрли информациите дека подготвува нов политички субјект и порача дека нема да формира нова партија. Тој оцени дека неговото име се користи во политичка пропаганда и дека во јавноста намерно се пласираат шпекулации со политичка позадина.

Реакцијата дојде откако во дел од медиумите се појавија тврдења дека Пендаровски наводно остварува средби и консултации за создавање нова политичка платформа за настап на следните избори. Токму на тие наводи тој возврати дека станува збор за шпекулација „излезена од лабораторијата на власта“, со која, според него, свесно се злоупотребува неговото име.

Слични содржини