36-годишен канадски државјанин завчера е уапсен во Охрид откако се однесувал агресивно во кафеана, информираа од Охридската полиција.
-На 05.04.2026 во 12:20 часот во СВР Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.А.С.(36) од Канада, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Охрид, го нарушил јавниот ред мир со агресивно однесување, стои во полицискиот билтен.
При извршена проверка, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта.