Советниците на Левица со маички „Бандит“ откако Орце минатиот месец ги нарече „бандитско здружение“

„Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години“, рече градоначалникот на Скопје на последната седница за советнички прашања

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Советниците на Левица во Град Скопје денеска беа облечени во маички со натписот „Бандити“ откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги нарече „бандитско здружение“ на последната седница на Советот. Колку за потсетување, денеска се оддржува десеттата седница на Советот на Град Скопје, на која се поставуваат прашања од советниците.

Градоначалникот во март ја критикуваше Левица. Тој тогаш пред советниците кажа дека политичката партија е најголемо бандитско здружување во Скопје.

-Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години. За разлика од вас, за разлика од Стојче ваш и од цела ваша група, нема да ви поминат овие инсинуации. И ако мислите дека некој ќе ве толерира да кажувате приказни, да ја замајувате јавноста на погрешна адреса сте, само тоа ќе ви го кажам. На погрешна адреса сте, изјави минатиот месец Ѓорѓиевски.

Според резултатите од последните локални избори, Левица има освоено 6 советнички места во Советот.