Државната комисија заспречување на корпцијата преку кампања поддржана од Европската унија сака да го заживее лобирањето во Македонија.
Според претседтелот на ДКСК Адем Чучуљ идејата е преку кампањата „Лобирање во Северна Македонија“, да се згоеми бројот на лобисти кои законски ќе лобираат кај носителите на одлуки за промена на законската регулатива. Тој објасни дека законот донесен пред пет гдини за жал не заживеал и дека досега смо три организации биле регистрирани како лобисти, а Комисијата нема информации за какви било активности.
– Со кампањата преку четри тркалезни маси наменети за општините, централната власт, бизнис заедницата и граѓанските организации и медиумите идејата е да се покрене поширока дискусија за улогата на лобирањето во креирање на политиките и носење на одлуките. При тоа ќе биде јасно разграничено меѓу дозволено застапување интереси и недозволено влијание, изјави Чучуљ.
Тој објасни дека за да заживее лобирањето во земјата потребни се и законски измени и нивно усогласување со европските директиви.
-Идејата е законски да се врши тоа лобирање, а не како досега како што и самите знаете дека се врши влијание про носење на одредени одлуки или регулатива, изјави ЧуЧуљ.
Секој што ќе се одлучи да биде лобист за некоја граѓанска организација или група луѓе ќе треба да се регистрираа на страницата на ДКСК, процесот на регистрација според ЧуЧуљ е мошне едноставен, а потоа барањето на таа граѓанска организација ќе може да го презентира пред носителите на одлуки.
За информирање на јавноста на интернет страницата на ДКСК е објавено видео за тоа како некој може да стане лобист.