Ѓорѓиевски до советничка од СДСМ: Членовите на ВМРО не се кријат позади врата и не се откажуваат така лесно од припадноста

„Еден куп ги избркавте во последниот период, меѓу кои и овој што ја градел „Лајка“ која е дивоградба“, рече Орце за екс-градоначалникот Шилегов

од Nikola Popovski
84 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека објектот на ЈП „Лајка“ бил дивоградба. Според него, оваа локална администрација предвидела средства за проширување на капацитетот, но, како што вели, екс-градоначалникот Петре Шилегов ја направил дивоградба кога бил на функцијата.

Како одговор на прашање на советничка од СДСМ на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје, градоначалникот рече дека СДСМ има најмалку право да зборува за „Лајка“.

-За разлика од вашата политичка партија, кај нас членовите не се кријат позади врата, не се откажуваат така лесно од припадноста и не ги бркаме како што вие тоа го правите. Еден куп ги избркавте во последниот период, меѓу кои и овој што ја градел „Лајка“ која е дивоградба. Во суштина, Војче (новиот директор на Лајка) не е шумарски инженер – тој е лице кое доаѓа од фелата и кое треба да се грижи за животните. Тој веќе помагал во процесите. Верувам во него, а веруваат и здруженијата и активистите, кажа, меѓу другото, Ѓорѓиевски во својот одговор.