Ристески: Имаме случаи каде долгови се пренесуваат на семејство, па дури и на деца – мора да се стави краj

Претседателот на КСОМ посочува дека постојат случаи каде за долг од 5-6 илјади евра, граѓаните остануваат без стан или куќа

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Тв Сител

„Во моментов има околу еден милион предмети и околу 200.000 блокирани сметки. Имаме случаи каде долговите се пренесуваат на семејството, па дури и на децата, на ова мора да се стави крај“, вели претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески за прашањето за личен банкрот, кое досега се спомнуваше во многу предизборни програми.

Ристески посочува дека постојат случаи каде за долг од 5–6 илјади евра, граѓаните остануваат без стан или куќа.

-Бараме јасно правило – доколку недвижниот имот не е ставен под хипотека, да не може да биде одземен, рече, меѓу другото, Ристески за „Локално“.

Личен банкрот – шанса за нов почеток за граѓаните со блокирани сметки